Читај » СВЕТ » Кинез 12 години се преправал дека е полицаец

Кинез 12 години се преправал дека е полицаец

Еден Кинез неодамна е уапсен и обвинет, бидејќи глумел дека е полицаец полни 12 години. Тој не е првата личност на светот кој се преправал дека е полицаец, но единствено само него му успеало да ја лаже јавноста полни 12 години.

Ван Фенг, кој има 41 година, отсекогаш сакал да биде полицаец, но никогаш не се ни обидел да се придружи во полициската академија. Тоа не го спречило да лаже дека е заштитник на законот повеќе од една деценија.

Сè започнало во 2006 година, кога братот на Фенг бил вклучен во еден судски процес и му бил потребен адвокат. За да се погрижи неговиот брат да добие 100% безбедност на суд, Фенг се претставил како полицаец.

Оваа измама успешно помина кај јавноста, поради што Фенг продолжи со измамата и во други ситуации.

Коментари

коментари