понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Демолирани шест автомобили на УБК

Демолирани шест автомобили на УБК

Шест возила во сопственост на УБК, утрово се демолирани на паркингот пред МТВ.

Нешто што е прилично симптоматично е тоа што на истиот паркинг биле паркирани и други автомобили, ама, само оштетени се возилата на УБК, со искршени им биле ветробрански стакла.

О свен тоа што е причинета материјална штета, од возилата не било одземено ништо.

Од МВР го потврдуваат постоењето на случајот. Според нив денеска во 08.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ се искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и едно возило сопственост на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам.

МВР презема мерки и активности за расчистување на случајот. Дали е ова некаква порака или пресметка? Се множат шпекулации…

Коментари

коментари