Хрватот Манџукиќ си оди од Јувентус

Торинскиот весник „Тутпосрт“, кој важи за близок до Јувентус тврди дека Марио Манџукиќ на крајот на сезоната би можел да ја напушти „старата дама“.

Наводно Манџукиќ на маса има богата понуда од Кина која сака да ја прифати. Хрватот до сега неколку пати ги одбиваше кинеските милиони, но веќе има 32-години и е свесен дека ова е последната шанса за богат договор.

Во Јувентус се задоволни од Манџукиќ и сакаат да го задржат, но на крајот на сезоната ќе имаат можност да заработат до 30 милиони евра, колку што е спремен да плати кинескиот клуб.

Манџукиќ моментално заработува 5 милиони евра годишно и има договор до 2020 година со „старата дама“, но кинескиот клуб му нуди најмалку 3 пати поголема плата.

Коментари

коментари