Кубица повторно дел од Формула 1

Искусниот возач Роберт Кубица ќе се врати во Формула 1, па најверојатно ќе вози за екипата на Вилијамс, која реши да ги смени возачоте Ленс Строл и Сергеј Сироткин.

Кубица официјално ќе биде претставен како возач на Вилијамс на трката за Големата награда на Абу Даби, која се вози наредниот викенд.

Полјакот ќе вози заедно со младиот Џорџ Расел, кој ќе дебитира во Ф1 наредната година.

Инаку, Кубица минатата година беше тест возач на Вилијамс, а во Ф1 последниот настап го имаше во 2010 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!