Читај » МАКЕДОНИЈА » ВИДЕО: Тензично во Аеродром – граѓаните се обидоа да ги турнат тарабите

ВИДЕО: Тензично во Аеродром – граѓаните се обидоа да ги турнат тарабите

Неколку стотици граѓанки и граѓани на општина Аеродром излегоа на протест против изградба на зграда на зелениот простор до здравствената установа „Мајчин дом“.

Граѓаните не беа разубедени од денешната пресконференција на градоначалникот Златко Марин, бесни се заради како што велат фактот дека пред година дена стоел на истото место каде тие денес протестираат, и ветувал дека изградбата нема да се дозволи.

Дел од граѓаните гневот го истурија и врз тарабите околу градилиштето., извикувајќи слогани: „Криминалци, надвор од Аеродром“.

Извор: Поглед.мк

Видео: Телма

Коментари

коментари