понеделник, 25 октомври, 2021

Хабиб падна во втор план: Ѕвезда на Зенит употреби стол за физички напад во Москва (Видео)

Рускиот фудбалер Александар Кокорин предизвика голем скандал во својата земја, откако физички нападнал друго лице во бар во Москва и тоа заедно со својот пријател и фудбалер на Краснодар, Павел Мамаев.

Видео снимката открива дека Кокорин без никаква провокација ја удира жртвата со столче, по што настанува мешаница во која присутните се обидуваат да го смират, а нападниот добива уште еден удар од Мамаев. Шпекулациите велат дека жртвата на нападот на Кокорин е соработник на рускиот претседател Владимир Путин, а за Кокорин ова е нов скандал кој сигурно ќе има влијание и врз неговата кариера.

Иако важи за еден од најталентираните напаѓачи во својата генерација, Кокорин изминатите години имаше проблеми со повеќе селектори, а се „прослави“ и со епизодата кога по неуспешниот настап со Русија на ЕП 2016, заедно со Мамаев замина во Монте Карло каде во ноќен клуб порачал 300 шишиња шампањ, а фотографиите ги налутија неговите сонародници и одговорните во федерацијата.

Пред денешниот скандал, Кокорин последен пат се истакна откако пукаше со огнено оружје за време на свадба на свој близок пријател.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!