четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » ФОТО: Гордана Јанкуловска со прва реакција по пресудата од 6 години затвор, потоа се сретна со Мијалков

ФОТО: Гордана Јанкуловска со прва реакција по пресудата од 6 години затвор, потоа се сретна со Мијалков

Шест години казна затвор е осудена Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, како обвинета во случајот „Тенк“, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра. Пресудата денеска во Кривичниот суд ја соопшти судијката Добрила Кацарска, која истакна дека Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службената положба и овластување.

Поточно, како што рече судијката, Јанкулоска му ја исполнила желбата на тогашниот премиер Никола Груевски и МВР го набавил мерцедесот кој тој претходно го избрал, при што била нарушена и тендерската постапка, бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.

Прашана од новинарите како ја коментира пресудата, накратко одговори дека истата ќе ја искоментира во жалбата, која ќе биде поднесена.

„Пресудата ќе ја искоментирам во жалбата“, истакна Јанкуловска и продолжи напред, каде се сретна со Мијалков, по што заминаа во непознат правец.

Извор: Поглед.мк

Коментари

коментари