вторник, 18 јануари, 2022

„Тенк“: Шест години затвор за Јанкулоска

Шест години затворска казна заработи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за која беше раздвоена постапката во предметот Тенк на СЈО. Судијката Добрила Кацарска, при денешното изрекување на пресудата соопшти дека Јанкулоска ќе треба да ги надомести трошоците од над 323 илјади денари.

Од СЈО не предложија мерка притвор, бидејќи како што рече обвинителката Фатиме Фетаи се ценат семејните околности, а детето на обвинетата не е виновно за ништо.

Фетаи предложи забрана за Јанкулоска за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето. Одбраната го отфрли овој предлог како неоснован.

Судот даде пауза од половина час за да одлучи по ваквиот предлог. Инаку, предметот Тенк се однесува на набавката на мерцедесот вреден 600 000 евра.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!