Солза Грчева со страшно предвидување: Сега ќе почне највалканата борба досега

Поранешната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Солза Грчева преку својот Фејсбук профил уште еднаш упати порака, со која ги загрижи своите следбеници.

Таа во најновиот статус порачува дека дури сега ќе започне највалканата борба, притоа порачувајќи да се зачува разумот и да се потврди големото „НЕ“ кое беше покажано на референдумот.

„Сега ќе почне највалканата борба досега. Чувајте разум и чувајте го тоа што го направивме заедно: големото “НЕ“ на референдумот. Само така имаме шанса да продолжиме.“, напиша Грчева.

Грчева беше еден од најгласните борци за бојкот на референдумот. На крајот според неа референдумот е неуспешен, поради фактот што цензусот не беше исполнет.

Коментари

коментари