За една вечер фатени 33 пијани возачи

Сообраќајната полиција фатила 33 пијани возачи, ноќеска на улиците во Скопје, информираше МВР.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 06/07.10.2018 година во периодот од 23.00 до 5.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Од страна на полициски службеници контролирани се 180 возачи, a кај 33 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден одбил да подлежи на алкотестирање, велат од МВР.

По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки. Исклучени се 34 возачи од сообраќај, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци.

Коментари

коментари