вторник, 17 септември, 2019
Читај » ЕКОНОМИЈА » Големите нафтени компании ги зголемуваат инвестициите поради цената на нафатата

Големите нафтени компании ги зголемуваат инвестициите поради цената на нафатата

Големите нафтени компании се под зголемен притисок да ги зголемат трошоците и да ги искористат високите цени на суровата нафта. Aналитичарите ги повикуваат одборите на компаниите да произведуваат повеќе, да ги зголемуваат платите и да очекуваат приходите на компаниите повторно да почнат да растат поради цената на нафтата, која достигна четиригодишен врв од 85 долари за барел и продолжува да расте, пишува Ројтерс.

За раководителите на компании како BP, Chevron и Royal Dutch Shell, кои ветија дека ќе се придржуваат кон пониски трошоци, откако ги намалија буџетите со над 50% од 2014 година, може да е тешко да се спротивстават на притисоците.

Континуирано зголемување

Како и во претходните циклуси на цената на нафтата, постојат грижи за тоа колку ќе трае тој. За разлика од претходно, сега има перспектива за престанок на зголемената побарувачка на нафта, бидејќи светот се пренасочува кон почиста енергија. Но веќе има знаци дека намалувањето на трошоците, реализирани по падот на цената на нафтата од 115 долари за барел во 2014 година до 26 долари во 2016 година, ќе биде воведено повторно.

Shell пример минатиот месец рече дека во нејзината дивизија во Северното Море ќе се префрлат на помалку интензивен режим на работа – ќе поминуваат две недели во морето, следени со три недели на суво. Во текот на „тешките години“, екипите поминуваа три недели на отворено море, а потоа четири на копно.

Почести ротации значат дека ќе треба да се најдат повеќе бродови и хеликоптери. Shell вели дека промената малку ќе ги зголеми трошоците, но се убедени дека ќе ги направи операциите на Северното Море попрофитабилни и попродуктивни.

Поопшто кажано, платите во нафтениот и гасниот сектор се зголемиле за околу 6% во 2018 година по падот во последните три години, според истражувањето објавено од Rigzone.

Целиот текст на Стандард.мк

Коментари

коментари