Читај » ЗАБАВА » Возач му дозволил на мајмун да го вози автобусот, а на патниците тоа воопшто не им пречело

Возач му дозволил на мајмун да го вози автобусот, а на патниците тоа воопшто не им пречело

Возач на автобус во Индија е суспендиран, бидејќи за време на возењето му дозволил на мајмун да го држи воланот.

Како што пренесува „BBC“, превземени се мерки против возачот, иако никој од 30-те патници во автобусот во Карнатака, не се пожалил.

Меѓутоа, кога работодавците го виделе видеото, споделено на социјалните мрежи, веднаш превземале соодвети мерки против возачот.

Портпаролот од компанијата рекол дека безбедноста на патниците не смее да биде во ризик. Изгледа дека возачот, кој бил идентификуван по презимето Пракаш, непрестајно го држел воланот со една рака, наведува „BBC“, а мајмунот прилично внимателно го гледал патот пред себе, иако не е најјасно дали ја совладал намената на ретровизорот. Овој инцидент се случил во понеделникот, но компанијата за тоа дознала преку интернет.

Коментари

коментари