Сион, Сапоро и Грац кандидати за Зимската олимпијада во 2026 година

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одобри три кандидатури за организација на зимските Олимписки игри во 2026 година.

Извршниот комитет на организацијата ги разгледа препораките по направените инспекции на кандидатите и даде зелено светло на Калгари (Канада), Стокхолм (Шведска) и италијанските Кортина Д’Ампецо и Милано да ја продолжат борбата за домаќинство, откако го отфрли барањето на турскиот град Ерзурум.

Вкупно седум беа кандидатите за Игрите во 2026 година, но Сион (Швајцарија), Сапоро (Јапонија) и Грац (Австрија) се откажаа во последниве месеци поради премногу големите трошоци и отпор од страна на локалните жители.

ИОК ќе ја потврди одлуката подоцна денеска на седница во Буенос Аирес.

Домаќинот на Зимска олимпијада 2026 ќе биде одреден во септември следната година.

Коментари

коментари