Читај » МАКЕДОНИЈА » Адеми: Снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе одговараат

Адеми: Снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе одговараат

Откако од утрово на Фејсбук страницата „Предавници Traitors“ бојкотирачите се пофалија како ги снимаат, фотографираат и навредуваат граѓаните кои во дијаспората излегоа да гласаат на референдумот, конкретно во Мелбурн, Австралија, се огласија и македонските власти.

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, вели дека снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат законските последици.

„Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата. Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат. Истовремено, инстутуциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти. Случајот е пријавен, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство. Ги охрабрувам сите кои денес ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставнишвта без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас“, се огласи Адеми.

Коментари

коментари