понеделник, 19 август, 2019
Читај » ЗАБАВА » Духовитата Криси ѝ одговорила на хејтерката која ѝ кажала дека има огромно лице

Духовитата Криси ѝ одговорила на хејтерката која ѝ кажала дека има огромно лице

Манекенката Криси Тајген не е една од оние ѕвезди кои ги игнорираат своите хејтери.

Таа во ниту еден случај не допушта некој кој ја навредува нејзе или нејзиното семејство да помине “неказнето”, а знае и да застане во одбрана на другите бидејќи неколку пати истакнала дека мрази кукавици кои се кријат зад лажни профили на социјалните мрежи.

Овој пат навредата се однесувала директно кон неа, а гласела вака:

“Изгледаш прекрасно, но повторно би требало да носиш долга коса. Девојките со округло лице не треба да носат кратка коса како твојата. Лицето ти изгледа огромно. Сум го искусила тоа, верувај ми…”.

Криси на тоа досетливо одговорила:

“Искрено, ти благодарам за бидејќи секое утро се будам и се прашувам што би направила ти и потоа се обидувам да го исполнам тоа за да те направам среќна, ова беше мој пропуст”.

Коментари

коментари