четврток, 12 декември, 2019
Читај » СВЕТ » „Франс соар“: Група снајперисти Албанци се приклучија на џихадистите во Сирија

„Франс соар“: Група снајперисти Албанци се приклучија на џихадистите во Сирија

Група снајперисти Албанци се приклучиле на џихадистите кои се борат во Идлиб, Сирија, објави „Франс соар“ (France Soir).

Според весникот Албанците објавиле и подолго видео за нивната активност. Видеото трае 33 минути и 15 секунди и е насловено „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија.

Според француслиот медиум, медиумот „Џамети Албан“ се чини дека е медиум за Албанците кои се регрутирани во Сирија во рамките на џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Чам (Hayat Tahrir al-Cham). Во групата има стотина Албанци, предводени од Хатаби Албани.

Лидерот на Албанците, Абу Кутад Албани, според „Франс соар“ е многу близок со лидерот на џихадистичката група што доминира во Идлиб.

– Инаку, еден Албанец наречен шеик Абу Катада ал-Албани, чие вистинско име е Абдул Јашари, македонски државјанин, беше воен лидер на Ал Нусра во 2016 година и фигурираше на црната листа на американското Министерство за финансии, наведува „Франс соар“.

Снајперистите Албанци користат пушки снајпери СВДс Драгунов, AK-74Мс со двогледи и придушувачи.

И претходно неколку џихадистички интернет медиуми пренесоа дека Албанците се главни снајперисти во џихадистички групи.

Коментари

коментари