Читај » МАКЕДОНИЈА » На ИФФК „Браќа Манаки” претставен краткиот филм „Љубовникот” во режија на Игор Иванов

На ИФФК „Браќа Манаки” претставен краткиот филм „Љубовникот” во режија на Игор Иванов

ИФФК „Браќа Манаки“-Битола го претстави македонскиот краток филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов-Изи кој во фестивалскиот прес центар изјави дека идејата за снимање на филмот датира од порано и е стара.

На прес конференцијата во Битола Иванов посочи дека сценариото било изработено во 2009 година и посакувал филмот да се сними со камерата на браќата Манаки.

-Сакавме да направиме еден постмодерен акт и да не биде само филм по себе, туку да биде и едно PR-случување, блиско до односите со јавноста. Сакавме камерата на браќата Манаки да ја репарираме и се да снимиме со таа камера. Но бидејќи тоа беше невозможно, ние филмот го снимивме со стандардна техника, истакна Иванов-Изи и додаде дека дестинацијата на овој филм секогаш бил ИФФК „Браќа Манаки“ кој доколку беше снимен со камерата на браќата Манаки уште повеќе ќе беше промовирана македонската кинематографија во светот.

Игор Иванов-Изи и неговите соработници продолжуваат со нови филмски проекти, а првиот нареден е филмот „Хомо“.

Фестивалот почна синоќа со доделување на посебни фестивалски награди и признанија „Златна камера 300“. На познатата италијанска актерка Клаудија Кардинале и беше доделена специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, агодинашни мауреати се ин кинематограферот Роџер Дикинс и македонската актерка Милица Стојанова.

Коментари

коментари