Почина хероината која заведувала нацисти во барови, па потоа ги убивала

Хероината од Втората светска војна, која ја искористила својот безопасен изглед кога имала 14 години, за да ја стекне довербата на нацистите пред да ги убие, почина во Холандија на 92-годишна возраст. Фреди Оверстеген е родена во Харлем во близина на Амстердам на 6 септември 1925. година, а имала само 14 години кога се придружила на холандското движење на отпорот, пишува Дејли мејл.

Заедно со постарата сестра Трус и пријателкната Хана Скхаф, поставила динамит на мостови и железнички пруги, а потоа ги кревала во воздух, извлекувала еврејски деца од концентрациони логори и убила бројни нацисти така што пиштолот го криела во корпата на велосипедот.

Триото имало рутина кога е во прашање убивањето на нацистите. Првин им приоѓале во баровите, а откако ги завеле, ги повикувале на прошетка низ шумата. Таму ги ликвидирале, како во една прилика признала Фреди.

– Моравме тоа да го правиме. Тоа беше нужно зло, да ги убиеш оние кои ги издаваат добрите луѓе, рекла таа во едно интервју. На прашаењто колку луѓе убила или учествувала во нивните убиства, хероината рекла дека еден војник не треба да се праша нешто такво.

Фреди починала на 5ти септември, ден пред 93от роденден. Била последниот преживеан член на најпознатата женска група на отпорот во Холандија, кои своите животи ги посветиле на борбата против нацистичкиот окупатор и холандските издајници недалеку од Амстердам.

Двете сестри Овертеген ја преживеале Втората светска војна. Трус по војната работела како уметник и напишала мемоари за своите искуства додека била во движењето на отпорот. Починала во 2016. година. Фреди еднаш изјавила дека со траумите од војната се соочила така што се омажила и добила деца. Има три деца и четворица внуци.
Меѓуота, нивната пријателка нацистите успеале да ја фатат и да ја погубат неколку недели пред капитулацијата.

Сестрите се гордееле што биле дел од движењето на отпорот и никогаш не зажалиле поради тоа, но рекле дека многу болело.

– Беше трагично, многу тешко и потоа често плачевме, рекла постарата сестра на Трус за тоа какво е чувството да се убие некој.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!