четврток, 12 декември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Роналдо прв играч во ЛШ, со црвен картон и 50+ голови

Роналдо прв играч во ЛШ, со црвен картон и 50+ голови

Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо на лош начин ја стартуваше Лигата на шампионите во дресот на Јувентус. Тој заработи црвен картон во првото полувреме од дуелот со Валенсија, а теренот го напушти со солзи во очите.

За Роналдо тоа е прво исклучување во елитното европско клупско натпреварување, а успеа да урне и уште еден рекорд. Португалецот е првиот фудбалер кој успеал да постигне над 50 гола во кариерата во ЛШ, вкупно 120, а добил и црвен картон. Повеќе од 50 погодоци имаат постигнато и Лионел Меси (103), Раул Гонзалес (71), Руд ван Нистелрој (56), Карим Бензема (56) и Тиери Анри (50), но тие немаат добиено најстрога санкција од судијата.

УЕФА попладнево и официјално објави дека покренува дисциплинска постапка против Кристијано за црвениот картон заработен на дуелот со Валенсија. Автоматската казна за црвен картон во ЛШ е еден натпревар неиграње и за истата клубот нема право на жалба. Доколку се утврди дека Роналдо дејствувал насилнички дисциплинците може да му доделат и поригорозна санкција.

Извор: Екипа.мк

Коментари

коментари