На секој што ќе купи стан во неговата зграда , му подарува нов БМВ

Кинески инвеститор , на кого не му оди продажбата на станови , решил да ги привлече купувачите со скапоцен подарок .

Компанијата “China Merchants Shekou Industrial Zone Holdings Co”, која неодамна изградила стнабен блок со 350 стана во Шангај , успеала да продаде само 25. За да ги привлечат купувачите решиле да им подарат нов БМВ и тоа од серијата 3 или од X1 серијата.

Трособните станови во овој комплекс , инаку се продаваат за 620 000 долари , додека цената на понудените автомобили е околу 10 проценти од цената на станот.

Поради високите даноци , овие возила се далеку поскапи отколку во Европа или во САД.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!