четврток, 18 април, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Зградата дезинфицирана, стручњаците предупредуваат за штетноста на амонијакот врз здравјето

Зградата дезинфицирана, стручњаците предупредуваат за штетноста на амонијакот врз здравјето

По синоќешната шестчасовна евакуација станарите се вратија дома. Неподносливата миризба по денешното дезинфицирање ја снема, на влезот од зградата како и ходниците мирисаше на средствата за дезинфицирање, пренесува ТВ 24.

Станарите денеска молчаливи. Но, се огласи таткото на двете деца кои живеат во станот каде беа пронајдени искористените пелени кои беа и причина за синоќешната евакуација на целата зграда. Тој вели дека за ситуацијата во која се наоѓаат неговите деца прв пат дознал од медиумите но потенцираше дека долго време се обраќал до надлежни институции, но не добил одговор на неговите барања.

Од центарот за јавно здравје велат дека во ситуација на континуирано присуство на амонијак може да се доведе до сериозни здравствени проблеми како на децата така и на останатите станари.

„Амонијакот кај малите и возрасните може да доведе до иритација на очите, на дишните патишта, може да астма ако децата престојуваат подолго време во таква просторија. Во подрумските простории имало незгрижени лица кои уринирале неконтролирано и најверојатно амонијакот испарува и тоа довело до влошување на целата ситуација.“ – изјави Љупчо Костадиновски – специјалист по хигиена при Центар за јавно здравје.

Од МТСП пак во однос на случајот со бабата велат дека не е социјален случај, ниту имало претходни пријави. Согласно законот велат дека за 65 годишната ќерка должна е да се грижи нејзината ќерка. Градоначалникот Петре Шилегов на жената која живее во станот и понудил привремено да биде преселена но истата одбила.

Синоќа пред зградата повеќе од 6 часа специјални полициски екипи, брза помош, пожарникари, социјалните служби како и кризни штабови беа на терен додека се интервенираше во станот во зградата од каде се ширеше непријатна миризба, за која станарите мораше да бидат извлекувани со гас-маски. Дилемата неколку часа по полноќ ја реши единицата на АРМ за атомска, биолошка и хемиска одбрана, кои со соодветната опрема ја лоцираа причината.

Извор: 24ТВ

Коментари

коментари