понеделник, 19 август, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Маж паднал во дупка, се здобил со тешки повреди

Маж паднал во дупка, се здобил со тешки повреди

Средовечен кавадарчанец синоќа околу 22 часот паднал во дупка во кавадаречкото село Марена, а поради тешка скршеница утринава бил препратен на оперативно лекување во Скопје.

Ова за МИА го потврди хирургот Дано Кулев од Општата болница Кавадарци.

– Се работи за тешка скршеница на лева натколеница со изместување. Пациентот беше видно вознемирен. Тој доби соодветен медицински третман во болницата. Му направивме рентген и лабораториски испитувања. Беше стабилизиран, имобилизиран и со инфузиона терапија. Утринава го препративме на операција во Клиниката за трауматологија во Скопје, појасни Кулев.

По паѓањето на кавадарчанецот во поголемата дупка, на местото биле повикани противпожарната и итната медицинска помош, кои помогнале да биде изваден повредениот човек.

Коментари

коментари