понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Ограбена обложувалница во Маџари, вработената го испланирала грабежот

Ограбена обложувалница во Маџари, вработената го испланирала грабежот

Разбојник и вработена во обложувачница инсценирале оружен грабеж во обложувачница и украле 196.000 денари со цел да го вратат долгот што го направиле при фиктивни уплати на ливчиња. Само неколку дена по разбојништвото, истрагата на полицијата ја открила ујдурмата и ги уапсила разбојникот и вработената.

Станува збор за А.Ж.(30) и вработена во обложувачницата Ј.Б.(22) од Скопје.

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Гази Баба, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Ж. поднела кривична пријава за тешка кражба на дрзок начин, а против Ј.Б. за кривичните дела помагање и лажно пријавување.

Истрагата утврдила дека разбојништвото претходно било договорено меѓу разбојникот и вработената, така што разбојникот ќе и се заканел, а вработената од страв ќе му ги даде парите.

Причина за разбојништвото е тоа што осомничениот сакал да го прикрие долгот што претходно го направил со уплата на поголем број на тикети со високи суми, но фиктивно без уплата на пари, а уплатите ги извршила вработената Ј.Б. која се сложила на разбојништвото бидејќи сакала да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувалницата.

Така, на 5 септември околу 9.30 часот, А.Ж. влегол во обложувалницата и со договорената закана го вперил пиштолот во вработената и пред сите и се заканил дека ќе пука. Вработената одглумила дека се плаши по што го отворила сефот и му ги дала парите.

Коментари

коментари