понеделник, 23 септември, 2019
Читај » ЕКОНОМИЈА » ВИДЕО: Мерцедес го промовира најновиот модел GLE

ВИДЕО: Мерцедес го промовира најновиот модел GLE

По првите фотографии и технички податоци Мерцедес денеска излезе и со видњеа од најновиот модел. Мерцедесот GLE ќе има промоција на саемот во Париз во октомври , а продажбата почнува во 2019.

На почеток автомобилот ќе биде достапен само со шестоцилиндричен 3.0 литарски турбо бензинец со 367 ks (270 kW) и 500 Nm , опремен со таканаречена ,,mild hybrid” технологија.

Автомобилот и покрај тоа што по својот стил потсетува на најновата генерација на моделите на овој германски произведувач, тој успеа да го задржи конзервативниот дизајн, кој потрошувачите на GLE го очекуваат од едно вакво возило.

Mercedes се пофали дека ги унапредиле аеродинамичките каратеристики и дека коефициентот за отпор на воздух на автомобилот е намален од 0,32 (колку што изнесуваше во минатата генерација), на 0,29.

Кога станува збор за внатрешноста, Mercedes продолжи да го форсира својот нов MBUX мултимедијален систем, кој се состои од панели со два големи дигитални екрани (еден наместо класичните аналогни инструмент табли и втор кој ги обединува функциите на мултимедијата и другите команди).

Коментари

коментари