Читај » МАКЕДОНИЈА » Што ќе одлучи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за референдумот

Што ќе одлучи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за референдумот

Ќе биде ли пораката која партискиот лидер Мицкоски ја испрати од Кичево маргината по која ќе се движи партијата? Оттаму тој порача дека народот сам одлучува. И аналитичарите со сличен став. Муслиу очекува раководството да повика на гласање по сопствена проценка или за гласање „против“. За Пандов, пак, ставот на партијата е јасен – бојкот на референдумот, без разлика каква ќе биде пораката на Мицкоски.

Аналитичарите децидни дека пораката упатена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од европските дипломати, несомнено ќе има влијание врз конечната одлука за референдумот.

Олуката која дененска се очекува да ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, ќе влијае не само на изходот на референдумот, туку и на постигнувањето на потребниот цензус, сметаат аналитичарите.

Од ВМРО-ДПМНЕ неколкупати досега јасно порачаа дека договорот со Грција е неприфатлив за нив, но оти ги поддржуваат интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ, како стратешки интерес на земјава.

Коментари

коментари