четврток, 12 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Заев најави доаѓање на Меркел, Курц и Столтенберг

Заев најави доаѓање на Меркел, Курц и Столтенберг

„Во Скопје оваа недела доаѓаат канцеларите на Германија и на Австрија Ангела Меркел и Себастијан Курц и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг“, најави македонскиот премиер Зоран Заев на трибината во Пехчево, посветена на претстојниот референдум.

Тој прецизира дека Столтенберг доаѓа утревечер, втор пат за шест месеци, Курц в петок, а Меркел в сабота кога се прославува и Денот на независноста на Македонија. Заев оцени дека нивното доаѓање во Скопје е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за Македонија.

„Тие ни пружаат рака да одиме напред“, изјави Заев, изразувајќи увереност дека референдумот ќе успее.

Коментари

коментари