понеделник, 15 август, 2022

Арапските емирати праќаат двајца астронаути на Меѓународната вселенска станица

Обединетите арапски емирати ги избраа своите први астронаути кои ќе заминат на мисија на Меѓународната вселенска станица, објави шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Првите двајца астронаути од Персискиот Залив кои ќе заминат во вселената на меѓународната вселенска станица се Хаза ал Мансури (34) и Султан ал Најади (37).

Пишувајќи на Твитер, шеикот Мохамед рече дека дуото „подигнува амбиции за идните генерации на Емирати”.

ОАЕ се многу амбициозни во однос на вселенската програма. Тие во октомври од Јапонија планираат да го лансираат првиот сопствен сателит „Калифасат“, а најавуваат дека ќе учествуваат и во колонизација на Марс.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!