Хотел во Токио во кој ве дочекуваат диносауруси

Еден хотел во Токио на гостите им нуди несекојдневен дочек – роботи диносауруси на рецепција, но тоа не е единствената необична работа, бидејќи овој угостителски објект располага и со аквариум во кој исто така се наоѓаат роботи, овој пат во вид на разнобојни риби.

Станува збор за хотел кој се наоѓа во едно предградие на јапонската престолнина.

Меѓутоа, комуникацијата со роботите на рецепција е многу ограничена, па гостите можат само да резервираат соби и вршат порачки преку таблет.

„Не сакавме хотел во кој само ќе се спие, туку сакавме да вметнеме нешто ново“, вели Јукио Нагаи, директор на хотелот.

За заинтересираните, ноќ во овој необичен хотел чини 130 евра.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!