четврток, 13 август, 2020

Турција сака да ги укине „all inclusive“ аранжманите

Туристичкиот сектор во Турција размислува да се откаже од концептот „all Inclusive“, пишува турскиот весник „Хуријет“, повикувајќи се на Конфедерацијата на трговци и занаетчии.

Според податоците на индустријата за туризам, системот е веќе исцрпен иако бројот на туристи веќе го има надминато нивото од 2014 година. Сепак, приходите се намалуват наместо да растат.

Турскиот министер за туризам и култура Мехмед Ерсој смета дека нешто мора да се смени и дека земјата мора да тежнее кон зголемување на приходите од туризмот.

Моментално, според хотелиерите, просечниот приход по соба изнесува 76 евра дневно. Се очекува во 2018 година Турција да ја посетат 36 милиони туристи, што претставува приход од околу 30 милијарди долари, односно 4% од БДП.

Најмногу туристи доаѓаат од Русија – 4,5 милиони во 2017 година. Потоа следат Германците со 3,5 милиони и Бугарите со 1,85.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!