четврток, 13 август, 2020

50 илјади домаќинства се посетени во рамките на акцијата „Лето за Македонија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во дневникот на Сител телевизија вели дека консултациите со граѓаните траат и дека во акцијата “Лето за Македонија“ се посетени 50 илјади домаќинства

„Сеуште трае процесот на консултации кој што го правиме со граѓаните на Република Македонија. Вчера го добив пресекот некаде околу 50 илјади домаќинства се посетени со нашата акција “Лето за Македонија“. Минатата недела имавме состаноци со извршниот и централниот комитет и отворивме дискусијата на оваа тема. Дебатата внатрепартиска е почната и се спушти на ниво на општински комитети на месни комитети“, рече Мицкоски.

Прашан како ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на референдумот, Мицкоски, вели дека се уште трае процесот на консултации со граѓаните за референдумот.

„Дебатата внатрепартиски е почната. Таа се спушти на ниво на општински и месни комитети. Кажавме дека ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе ја извести јавноста“, изјави Мицкоски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!