Читај » СЛАЈДЕР » Фондот одобри пари за лекување во Турција, родителите барале за лекување во Германија

Фондот одобри пари за лекување во Турција, родителите барале за лекување во Германија

Две понуди од болници во Турција и една од Италија добил Фондот за здравствено осигурување за лекување на малата Ева, но не и од болницата во Германија, за каде што родителите сметале дека девојчето има најголеми шанси да биде излекувано. Директорот на Фондот вели дека во целата постапка биле запазени сите законски процедури а службите донеле одлука во рок од 48 часа, но родителите поднеле приговор со барање лекувањето да продолжи во германската болница Гисен со која воспоставиле личен контакт.

„Стручните служби во ФЗОМ му излегле во пресрет на барателот при што е направен директен контакт со лекарот во болницата, кој бил посочен од барателот. Лекарот побарал дополнителни информации за здравствената состојба на пациентката, констатирајќи дека се работи за серозно тешка состојба, но официјална формална понуда за цената на чинење на лекувањето во болницата до Фондот не била доставена“, вели Ден Дончев – директор на ФЗО

Дончев тврди дека Фондот во случајот не ја избрал најевтината понуда, туку средната од трите понудени. Но какви биле шансите малата Ева да преживее доколку била прифатена понудата во Турција Дончев вели дека е неблагодарно да се каже. Ќе остане неодговорено и прашањето дали Фондот ја одбран најдобрата понуда за нејзиното лекување или сепак детскиот живот зависел од подготвеноста на институциите да платат, бидејќи лекувањето во Германија, според тврдењето на родителите чинело 60 илјади евра повеќе? Постои ли системски проблем со лекувањето во странство или човечките животи и понатаму ќе зависат од хуманоста на граѓаните.

„На никој не му било скратено правото да се лекува во странство доколку бил соодветно упатен без разлика дали има посебен или т.н специјален фонд. Тоа начи дека финансиски средства има секогаш и ќе се обезбедат во секоја ситуација кога пациентите се соодветно упатени од клиниките кои што кажале дека кај нив не може пациентите да се лекуваат“, вели Филипче

„Нашиот предизвик како држава е како да изградиме домашен капацитет за одредени дејности со цел да ги надминеме некои ситуации. Долгорочно треба да гледаме како да градиме домашен капацитет, бидејќи лекувањето во странство е за случаи кои претходно сме ги лекувале, но сме го изгубиле капацитетот“ Ден Дончев – директор на ФЗО

Малата Ева боледуваше од редок вид на леукемија. Имаше само единаесет години.

Извор: 24ТВ.

Коментари

коментари