Читај » ЗАБАВА » Џорџ Клуни заработил најмногу пари од сите актери годинава, а парите не му се од улоги

Џорџ Клуни заработил најмногу пари од сите актери годинава, а парите не му се од улоги

Џорџ Клуни е актер со најголема заработка во Холивуд за 2018 година, со 239 милиони долари на сметка во изминативе 12 месеци. Ѕвездата на „Ocean’s 11“ го зазеде првото место на листата на „Forbes“, симнувајќи го Марк Валберг од врвот, а лани не влезе ни во топ 10.

Поголемиот дел од неговата заработка доаѓа од продажбата на текила на компанијата Casamigos Tequila што тој ја основа во 2013 година. Од текилата тој заработил 233 милиони долари.

57-годишниот Клуни не играл во ниту еден филм во периодот од 1 јуни, 2017 до истиот датум годинава, но доби „некој долар“ и од рекламите за Nespresso. Голем дел од останатите актери на листата исто така парите ги заработиле од дополнителни извори, покрај актерските улоги.

Десетте актери со најголема заработка имаат вкупно салдо од 748,5 милиони долари, што е многу далеку од вкупно 187 милиони долари колку што вкупно заработија десетте најплатени актерки во истиот временски период.

Скарлет Јохансон ја предводи женската листа со заработка од 40,5 милиони долари.

Коментари

коментари