вторник, 22 октомври, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Собранието реши: Владини пари ќе добијат и противниците на референдумот

Собранието реши: Владини пари ќе добијат и противниците на референдумот

Собранието, ќе им даде можност на сите пратеници кои се „за“, „против“ или „бојкот“ на Референдумот, пропорционално, според изјаснувањето, да бидат застапени и да можат да ги изразат пред јавноста своите ставови и аргументи.

Координативното тело заклучи, Собранието денеска, со допис да се обрати до Владата на РМ за обезбедување финансиски средства за спроведување на јавната кампања. Собранието за оваа намена ќе отвори посебна сметка.

Ваквиот развој на настаните ќе им овозможи на сите пратеници кои ќе се изјаснат против или за бојкот на референдумот да добијат средства за промоција на својата кампања.

До сега многу мал е бројот на пратеници кои се произнесуваат за бојкот или пак се против референдумот, со оглед на тоа дека се чека официјалната одлука на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментари