среда, 1 декември, 2021

Малата Ева не успеа во борбата, не се собраа пари за лекување

Почина Ева Крстаноска, девојчето од Пештани за коe не се собраа пари за лекување. Малата Ева веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија. Во еден момент состојбата и беше влошена поради што беше неопходно веднаш да замине на операција во Германија.

Фондот за здравство покрива дел од износот, остатокот треба да го обезбеди семејството, за што се бараше и собираше помош. Но, за жал не се собраа пари.

На социјалните мрежи, гневни родители остро ги нападнаа институциите поради негрижата за овие деца.

Хумани граѓани, организации, компании и поединци изминатиот период организираа бројни настани и активности за помош на Ева која требаше да замине на операција во Германија.

За жал нејзиното храбро срце не ја издржа битката со болеста.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!