понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Владата издвои 80 милиони денари за референдумот

Владата издвои 80 милиони денари за референдумот

По неколкудневни пресметки, Владата одлучи да одвои 1,3 милиони евра за кампања за рефереднумот.

Владината седницата заврши попладнево, а деталите ги има Јован Ѓорговски. Интересно е што парите нема да ги троши владата, туку ќе ги префрли на Собранието.Ќе се финансираат и тие што се „против“ или за бојкот на референдумот.

„На денешната, 84. редовна седница, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување 80 милиони денари од тековната буџетска резерва, а кои ќе му бидат ставени на располагање за спроведување кампања, врз основа на одобрен план, на Собранието на Република Македонија како овластен предлагач на референдумот. Доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во буџетот на Република Македонија“, велат од Владата.

Коментари

коментари