Американската армија во Европа на нивната официјална Фејсбук страница се извинија за погрешното именување на македонската армија и држава („северномакедонските војници во Северна Македонија”) во објавата на Јутјуб за тренинзите на полигонот Криволак. Користено е погрешно име и високо го цениме партнерството со АРМ, се вели во извинувањето.
„Се извинуваме поради објавеното видео на нашите канали на социјалните медиуми каде е користено погрешно име за Република Македонија. Видеото е веќе повлечено. Го цениме партнерството со Армијата на Македонија и жалиме за оваа грешка“, стои во соопштението од армијата на САД во Европа.
Вчера на Јутјуб каналот на Американската војска во Европа беше објавено видео за неодамна завршените воени вежби на полигонот Криволак каде „војската на САД работеше на подобрување на интероперабилноста со северномакедонските војници, на полигонот Криволак во Северна Македонија“.
Неколку часа подоцна постот и видеото беа отстранети од официјалната Јутјуб страница на Армијата на САД на Европа.
We apologize for uploading a video to our social media that used the incorrect name for the Republic of Macedonia. We…
Posted by U.S. Army Europe on Tuesday, August 21, 2018