Читај » СЛАЈДЕР » Целје го подигна трофејот на турнирот во Струга

Целје го подигна трофејот на турнирот во Струга

Словенечкиот прволигаш Целје е победник на 46. издание на меѓународниот турнир во Струга и тоа откако во финалето го победи составот на Констанца со 25:24.

Двате екипи имаа свои моменти, подеми и падови, но во таа ситуција на крајот подобро се снајдоа избраниците на Бранко Тамше за триумф на овој силен турнир.

До него Целје дојде со пресврт во вториот дел во кој ја „избриша“ негативата од два гола (13-11), голманот Ферлин блескаше и така Словенците во своето прво учество на струшкиот турнир дојдоа до пехарот.

Во битката за третото место Тулуз беше подобар од Железничар на Веселин Вујовиќ со 32-24.

Коментари

коментари