вторник, 20 август, 2019
Читај » СВЕТ » Ердоган не попушта: Никој нема да не спречи

Ердоган не попушта: Никој нема да не спречи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција ќе остане силна без оглед на „обидот за економски удар“ и тензиите меѓу Анкара и Вашингтон.

Во обраќањето пред делегатите на Конгресот на неговата АКП партија, Ердоган рече дека земјата се соочува со економски закани, санкции, каматни стапки и инфлација.

„Ќе им кажеме дека ја увидовме нивната игра и дека ќе се спротиставиме“, рече Ердоган.

Тој рече и дека никој нема да успее да го спречи зајакнувањето и развојот на Турција, ниту ќе го попречи остварувањето на сите планови. Турската лира е повторно во пад, по кусата стабилизација, откако САД најавија нови санкции за Турција доколку не го испорача американскиот свештеник.

Дипломатскиот спор ги загрижи инвеститорите. Турција има огромен долг со задолжувања за поттик на економскиот раст. Тој долг сега е поскап за исплата, поради растот на вредноста на доларот во однос на лирата, така што може да доведе до банкрот на компании.

Во исто време економските експерти се плашат дека Турција може да биде доведена во рецесија.

Коментари

коментари