Читај » ЗАБАВА » Студентка од Бразил ја продава својата невиност за да ги отплати долговите на своето семејство

Студентка од Бразил ја продава својата невиност за да ги отплати долговите на своето семејство

Студентка од Бразил, 22 годишната Даниел Брин, се решила да ја продаде својата невиност на интернет на оној кој е спремен да и понуди милион долари. Младата Бразилка Даниел Брин во својата искрена исповед за „Дејли Меил“ открила дека на ова се решила откако останала без пари.

Големата криза, односно неможноста да ги отплати долговите и студентскиот кредит се причините зошто е подготвена да ја продаде својата невиност, а покрај тоа, како што додала, би можела да си купи куќа во која би живеела со нејзината мајка и сестра. Иако планот детално го разработила не крие дека чувствува голема нервоза, најмногу поради тоа што природно е многу срамежлива и никогаш не излегла на состанок со некој маж.

„Се плашам како ќе се одвиваат работите, сепак ќе ми биде прв пат. Никогаш не сум била на состанок и многу сум срамежлива. Се надевам дека победникот ќе биде некој фин и љубезен џентлмен“, изјавила таа.

Досега добила две сериозни понуди, преку аукција, а најголемата понуда ја дал маж кој бил подготвен да плати 220.000 долари. Даниел тврди дека не се согласила и оти чека некој кој ќе понуди барем 750.000 долари. Под оваа сума нема да прифати.

Коментари

коментари