понеделник, 19 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » ВМРО ДПМНЕ носи одлука за референдумот – членовите на ИК поделени

ВМРО ДПМНЕ носи одлука за референдумот – членовите на ИК поделени

Партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ синоќа дебатирал за референдумот, но конечна одлука не донел. На седницата на Извршниот комитет која траела 4 часа, дел од членовите ја застапувале тезата дека референдумот треба да се бојкотира затоа што тоа било волјата на мнозинството граѓани, а други настапиле со поумерени позиции – дека ВМРО ДПМНЕ не треба да остане настрана од овој процес и дека треба да повика на гласање.

Член на Извршниот комитет вели дека не „преовладал ниту еден став и сите опции остануваат отворени – бојкот на референдумот, да се повика да се гласа против Договорот со Грција или партијата да не дефинира официјален партиски став туку да остави гласачите сами да одлучат дали ќе гласаат или бојкотираат. Само опцијата – да се повика на рефрендум и да се гласа „За“ е исклучена.

Во атмосфера кога се очекува „притисоците да растат од сите страни“, претседателот на партијата Христијан Мицкоски побарал од сопартијците да се воздржат од објавување на пропагандистички пораки на своите Фејсбук профили, без разлика дали се за „бојкотирам“ или за другата опција, се додека не се дефинира партискиот став.

Повикот се толкува и во контекст на кампањата која ја предводи Јанко Бачев под слоганот „Македонија бојкотира“ и која се оценува дека може да го контаминира целиот процес.

Коментари

коментари