вторник, 10 декември, 2019
Читај » СВЕТ » Цел месец седел во хотел и не платил, Словенец уапсен на Филипините

Цел месец седел во хотел и не платил, Словенец уапсен на Филипините

Филипинската полиција го уапси Словенецот Давид Фифер, зашто не сакал да ја плати хотелската сметка во Мирада Ин хотелот во местото Лагао.

Според филипинските медиуми, сопственикот на хотелот го пријавил Словенецот роден во Марибор кога се обидел да избега без да плати сметка од 18 000 филипински песа (400 американски долари).

Фифер во хотелот престојувал од 23 јули до 13 август. На Словенецот му се заканува депортирање, зашто полицијата утврдила дека му се истечени документите за престој.

Коментари

коментари