понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СВЕТ » Турски фудбалски клуб продал 18 играчи за да купи 10 кози

Турски фудбалски клуб продал 18 играчи за да купи 10 кози

Турскиот фудбалски клуб Ѓулспор, кој игра во една од пониските лиги во таа земја, продал 18 јуниори за да собере пари за купување 10 кози.

Клубот од продажба на играчите заработил околу 2.500 долари, а ќе купи 10 кози од кои заработката би можела да биде уште 830 долари во иднина и тоа само од продажба на млеко.

Претседателот на клубот Кенан Бујуклеблеб рекол дека овој потег е направен поради лошата финансиска состојба во клубот.

-Ќе имаме повеќе приходи. Работевме во интерес на тимот, а, исто така, придонесовме за економскиот развој на државата, рекол претседателот на клубот.

Коментари

коментари