Димитров: Да се бојкотира својата иднина, својата држава, својата Македонија, е кукавичлук

Од идниот четврток еднаш неделно на „Прашајте го министерот“, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе одговара на директни прашања од граѓаните во врска со Договорот и претстојниот референдум за името на државата. Во интервју во Дневникот на Телевизија 24, министерот рече дека преку жива снимка на социјалните медиуми неколку дена ќе собираат прашања и потоа еднаш неделно, во четврток, ќе одговара на нив.

Димитров рече дека се уште не знае колку ќе чини организирањето на референдумот, но поважно од тоа, рече, е на граѓаните да им се објаснат основните елементи и придобивките од потпишаниот Договор со Грција. Ги повика граѓаните да го прочитаат Договорот достапен на веб-страницата на Владата (www.vlada.mk) зашто анкетите покажале оти мал број ја знаат неговата содржина. Објаснувањето го смета за своја должност зашто тој е потписник на Договорот, а неговото поддржување го смета за национална и генерациска обврска во зацврстување на државата и идентитетот.

„Моја должност е да направам се што можам да го објаснам и да им објаснам на граѓаните, зашто пред нас е една историска раскрсница, а одлуката е наша. Зашто влогот е огромен, пред нас е многу одговорна одлука – каде сакаме да ни биде Макдонија во слкедниот период“, истакна Димитров, нагласувајќи дека е тешко државата да опстои и да се развива напред ако не е во сојузите ЕУ и НАТО. Особено затоа што во регионот, како што рече на северот од Македонија, деновиве се зборува за граници.

Повтори дека со прифаќањето на Договорот, името на државата ќе биде Република Северна Македонија, за што ќе треба да се отвори Уставот, државјанството ќе гласи: македонско/граѓанин на Северна Македонија, химната останува непроменета, јазикот останува македонски.

Коментари

коментари