Спасовски: Истраги не се водат преку медиуми

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на новинарско прашање дали „МВР има сознание и дали ќе покрене истрага во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека проруски бизнисмени од Грција плаќале за насилство во пресрет на референдумот“, рече дека „не мисли да спроведува истрага преку медиуми за такви сензитивни прашања.

„Што било да имаме и какви било информации да имаме што се однесуваат на сензитивни прашања, ниту ќе можеме, ниту смееме, ниту, пак, е потребно тоа да го водиме преку медиумите и како истрага да ја спроведуваме преку медиумите. Треба да знаете дека во секој момент кога ќе имаме што било да соопштиме, што е во фаза на можност да биде соопштено, тоа ќе го направиме“, рече Спасовски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!