Секој вработен има право на годишен одмор од најмалку 20 дена

Во екот на годишните одмори секој вработен има право согласно Законот за работни односи да користи одмор. Законот овозможува платен годишен одмор за секој редовно вработен од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Согласно законската регулатива годишниот одмор треба да се користи во два дела. Првиот дел од одморот треба да биде најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година. Остатокот од одморот најдоцна може да се искористи до 30 јуни наредната година. Во годишните одмори не се пресметуваат саботите, неделите и празниците.

Што се однесува на хонорарарците Законот не предвидува одмор, но морална обврска на менаџментот, кој ги користи услугите на оваа група работници, е да им овозможи еднаков третман со другите вработени. Исто така ако работникот е ангажиран на празник тогаш работодавецот е должен да исплати празнична дневница.

Коментари

коментари