среда, 1 декември, 2021

Пронајдени задушени мигранти во бродски контејнер во Либија

Либиските власти соопштија дека шест деца, еден маж и една жена, кои биле дел од поголема група мигранти, се задушиле во бродски контејнер во кој биле скриени во градот Зувара, објавија западните агенции.

Тие биле дел од групата од 100 мигранти кои подолго време биле скриени и заклучени во бродскиот контејнер. Локалните власти со објава на Фејсбук ја потврдиле информацијата.

Останатите 94 мигранти се хоспитализирани.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!