Од протестот пред МВР се обрати и таткото на Никола Саздовски

Револтот е огромен, но со ваша помош правдата ќе излезе на виделина. Да нема местенки, рече таткото на Никола Саздовски, кој се обрати пред демонстрантите на протестниот марш на „Комитите“.

Навивачката група Комити неколку часа протестираа во Скопје каде што пред Јавното обвинителство и пред Министерстото за внатрешни работи побараа од институциите правда за убиениот Никола Сазадовски. Никола Саздовски член на навивачката група Комити им подлегна на повредите предизвикани од физички напад врз него од страна на три лица, од кои две се уапсени од МВР.

Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а по третиот полицијата се уште трага. Тројцата се осомничени дека на 29 јуни брутално го претепале младиот Никола Саздовски на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда.

Комитите побараа неселективна правда и објективно и независно известување од страна на новинарите со цел да не се поттикнува гнев за вакви сензитивни случаи.

Коментари

коментари