понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Доналд Трамп ќе му помогне на Зоран Заев за референдумот?

Доналд Трамп ќе му помогне на Зоран Заев за референдумот?

Припадници на навивачката група Комити кои беа приведени по насилните протести во јуни откриле дека странски бизнисмени плаќале за да се создаваат нереди. Објаснува премиерот Заев откако за американскиот медиум Базфид откил дека грчки бизнисмени што и се наклонети на руската кауза плаќале на Македонци од 13.000 до 21.000 долари за насилство во пресрет на референдумот.

За разлика од премиерот, првиот човек на полицијата вели дека не сакал да спроведува истрага преку медиуми, не открива колку бизнисмени се во прашање ниту која е врската на макеоднска почва.

Целта на бизнисмените е да ја спречат земјава да влезе во НАТО вели Заев во интервјуто за Базфид.

„Руските претставници што беа тука, а и други од Москва, не кријат дека се против нашата интеграција во НАТО. Дел од нив се поврзани со медиумите, дел од нив ги поттикнуваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци. Многу е очигледно“, вели премиерот.

Заев на самитот на НАТО побарал од Трамп „да и помогне на нашата држава да има успешен референдум и го повикал американскиот претседател Трамп за време на кампањата за референдумот, рекол македонскиот премиер за Базфилд.

Трамп на самитот на Алијансата минатата недела беше прашан дали очекува зголемување на руското влијание врз дестабилизиција на Балканот по поканата за Македонија. Одоговр не даде.

Пред самитот на НАТО, Грција протера руски дипломати кои според објавеното во медиумите се обиделе да влијаат врз повеќе чувствивтлени прашања меѓу кои и за преговроите за името.

Коментари

коментари