понеделник, 26 јули, 2021

ВМРО и СДСМ со различни оценки за синоќешните прослави

Различни оценките на власта и опозицијата околу синоќешната прослава по повод пристапните преговори за членство во НАТО.

Според ВМРО-ДПМНЕ со вчерашната прослава СДСМ доживеал уште еден пораз, директно од народот заради слабата посетеност на манифестацијата низ градовите во Македонија.

„Народот се обедини против капитулантскиот договор со кој што Зоран Заев ги исполни грчките црвени линии и прифати да го избрише вековното име Република Македонија, идентитетот, нацијата, македонската историја, културата и традицијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ пак, прославата била успешна и на неа се видело дека народот се обединил околу националните интереси.

Од вледејачката партија им се заблагодарија на сите граѓани што беа дел од синоќешните прослави и изразија благодарност до сите кои го поддржале настанот.

„ВМРО-ДПМНЕ со денови водеше организирана хајка против националните и стратешки интереси на државата, против домашната, македонска музика, против домашните македонски музичари. На крајот, не им успеа, настаните се одржаа, музиката ечеше низ цела Македонија, граѓаните прославија гордо и достоинствено“, велат од СДСМ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!