Пукање во Тетово, тројца во болница

Три лица од Тетово, со прострелни рани, се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Здобиените повреди настанале по вооружена престрелка во Тетово. Двајца од повредените имале прострелни рани во стомакот, а едниот имал повреди во главата и се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохирургија.

Другите двајца се оперирани и се во стабилна состојба.

МВР повеќе информации најавува за подоцна.

Коментари

коментари